Кај водителот на детската научно-образовна Јутјуб-емисија „Среќниот научник“ (The Happy Scientist), полицијата нашла поголемо количество детска порнографија.

Имено, кај Џон Роберт Крамф (64), се најдени „илјадници слики и видеа“, од деца, од кои некои се и под 12-годишна возраст, како што посочуваат извештаите на американската полиција.

Крамф објавува на Јутјуб од 2006 година, а досега имаше околу 8.000 претплатници. Каналот е отстранет. Претходно, тој човек имал и свое детско патувачко шоу под назив „Мистер Електрик“.

Во операцијата на властите во Сент Џорџ, Јута, САД, се уапсени над 10 лица.


Администратор
25/09/2020 12:57