Во акција што е во тек на Секторот за борба со тероризам на грчката полиција, уапсени се три лица обвинети за поседување оружја и експлозиви, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека акцијата започнала вчера попладне, а веќе бил направен претрес во четири домови.

Уапсени се двајца мажи на возраст од 38 и 42 години и една 36-годишна жена.

Според грчките медиуми, се истражува дали уапсените се членови на анархистичко- терористичка организација, која стои за низа напади во Грција.


Администратор
24/09/2020 21:29