Викендов во Охрид ќе се одржува шестото издание на фестивалот на урбани танци „Битрикс танцова лига”. Три дена, од 18 до 20 септември на сцената „Долни Сарај“ ќе можат да се видат интересни активности од современиот танц, меѓу кои танцови работилници од над 30 домашни и интернационални кореографи, како и вечерни настани отворени за пошироката јавност кои ќе изобилуваат со интересни содржини.

Настанот е во организација на „Битрикс Културен Центар“, поддржан од Европската делегација, „Europe House Skopje“ и Министерството за култура.

Покрај дневните танцови работилници предвидени се три настани отворени за целата публика и тоа проекција на документарен филм за хип-хоп културата кај нас, со интервјуа на домашни хип-хоп артисти, потоа „All Styles Batlle” – соочување на танчарите и демонстрација на нивните способности, како и претставување повеќе млади кореографи со свои кореографски парчиња, како и неколку перформанси на тимови од целата земја.

Битрикс танцова лига е единствениот фестивал и камп од тој вид во земјата и е еден од најголемите кампови на Балканот.


Администратор
15/09/2020 11:55