ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(38) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во февруари 2019 пријавениот остварил контакт со Г.С.(62) и му ветил дека може да му обезбеди визи за САД за неговата ќерка и нејзиниот партнер.

Потоа, во неколку наврати Г.С. му дал 1600 евра на Д.М., но и по една година визите не им биле обезбедени, по што ги побарал парите назад. Д.М. не му ги вратил парите, а кога му се јавувал на телефон, пријавениот му упатувал закани, по што случајот го пријавил во полиција.


Администратор
15/08/2020 00:52