На отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, синоќа продолжи Велешкото културно лето „ВелесСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” со концертот на забавна музика „Евергрин поп-рок сцена” на кој настапија велешките поп-рок групи „Тринити” бенд и „R’n’B neighbors“, која по првпат се претстави пред пошироката велешката јавност. Настапот на двете групи со воодушевување беше прифатен од публиката и награден со силни апаузи.

Дејан Попов музичар од групата „Тринити бенд“ изјави дека за пофалба е потегот на одделението за култура на Општина Велес годинава на „Велешко културно лето 2020“ да афирмира пред домашната публика велешки културни дејци од сите области, што за нив е многу значајно за нив како млади автори.

Инаку, поради временските неприлики, силниот дожд и невремето, концертот минатиот викенд беше откажан од првично утврдениот датум и одржан синоќа на планираната отворена сцена во Амфитеатарот на Младинскиот парк.

Организаторите Општина Велес, концертот, како и сите досегашни настани од „Велешко културно лето 2020“ го реализира согласно пропишаните протоколи и мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот како што е држење на растојание на публиката и носење заштитна маска, а најпрво со мерење на температура на публиката при самото влегување во амфитеатарот.

Велешкото културно лето 2020 продолжува утревечер сабота во 20 часот исто така на отворената сцена во Амфитеатарот на Младинскиот парк со концерт на Градскиот камерен оркестар и солисти насловен „Сербез класика“.


Администратор
14/08/2020 12:50