Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Бутел и Центар, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од село Горно Соње, под-улиците од 1 до 15, Општина Сопиште.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од населбата Радишани на ул. „15“ (Пат за с.Побожје) од број 1 до број 228, Општина Бутел.

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Питу Гули“, Општина Центар.


Администратор
13/08/2020 12:53