CОУ „Дрита” во Кичево информираше дека најдоцна до 17 август учениците кои имаат над 16 години и се од семејни домаќинства со низок доход, можат да аплицираат за доделување на еднократна финансискa поддршка во висина од 3.000 денари за купување на училишен прибор.

Во известувањето се образложува дека финансиска поддршка за купување на училишен прибор се доделуваат на ученици кои се државјани на РСМ, запишани како редовни ученици во јавните средни училишта во земјата во учебната 2020/2021 година, постари од 16 години на денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила и се членови на семејно домаќинство во кое остварениот просечен месечен доход во семејството по сите основи за 2019 година не е поголем од просечната исплатена нето плата по вработен за месец март 2020 година, објавена од Државниот завод за статистика, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи.

-Училишен прибор, како тетратки, листови за боење, блок за цртање, прибор за пишување, прибор за боење, бои, училишни торби или ранци, гуми за бришење, острилки за моливи, прибор за пенкала и моливи, технички моливи, калкулатори, глина за моделирање, линијари, шестари, лектири, брајова хартија, како и спортска опрема како спортски обувки и спортска маица и спортски панталони за потребите на наставата за спорт и спортски активности, се вели меѓудругото во известувањето упатено до сите ученици запишани во оваа училиште.


Администратор
12/08/2020 14:01