На американскиот глумец Крис Прат и писателката Кетрин Шварценегер им се роди ќерка. Тоа прв го објави помалиот брат на Кетрин – Патрик, во изјава за „Ентертејнмент тунајт“.

– Тие се чувствуваат одлично. Тукушто ѝ купив мал подарок, изјави Патрик одговарајќи им на репортерите.

Прат има син од бракот со глумицата Ана Фарис. На Шварценегер ова ѝ е прво дете.

Крис и Кетрин се венчаа лани во јуни.


Администратор
10/08/2020 23:27