Р.Ш.(70) од Скопје синоќа е тешко повреден во сообраќајка што се случила на булеварот „Александар Македонски“.

Според МВР, случајот е пријавен вчера во 20:00 часот. Незгодата се случила меѓу патничко моторно возило „ауди А7 “ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.И.(24) од Скопје, патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки управувано од засега непознато лице кое избегало и велосипед управуван од Р.Ш.

Р.Ш. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани повредите.

Извршен е и увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР – Скопје.


Администратор
10/08/2020 03:46