Околу 9:10 часот утрово во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ на паркинг имало целосно опожарено патничко возило, потврдуваат од МВР за МИА и додаваат дека нема повредени.

– Од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот и е констатирано дека целосно е опожарено патничко моторно возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(35) од Скопје, а делумно биле опожарени две патнички моторни возила „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Н.(41) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки К.С.(73) од Скопје, соопшти МВР.

Информираат и дека од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изнаснат.

Според МВР, се работи на расчистување на случајот.


Администратор
09/08/2020 16:18