Барселона и Баерн Минхен се пласираа помеѓу осумте најдобри екипи во фудбалската Лига на шампиони по вечерашните победи над Наполи, односно Челзи.

На „Камп Ноу“ каталонскиот клуб беше поуспешен од Наполи и заслужено славеше со 3:1 за вкупни 4:2 во меѓусебните две пресметки. Головите за Барселона ги постигнаа Клемент Лонгле, Лионел Меси и Луис Суарез од пенал, за Наполи погоди Лоренцо Инсиње од пенал. Сите голови беа постигнати во првото полувреме.

Македонскиот репрезентативец во дресот на Наполи, Елиф Елмас ги одиграа последните петнаесетина минути од средбата.

Баерн по убедливата победа (3:0) на првата средба во Лондон, вечерва во Минхен забележа уште една висока победа. Баварците славеа со 4:1 со головите на Роберт Левандовски од пенал (10. и 84. минута), Иван Перишиќ (24) и Корентин Толисо (76). Голот за Челзи го даде Тами Абрахам (44. минута).

Двојки за четвртфиналето: Манчестер сити – Лион Лајпциг – Атлетико Мадрид Аталанта – ПСЖ Барселона – Баерн.


Администратор
09/08/2020 03:33