Албанскиот претседател Илир Мета, потсетувајќи на егзодусот на албанските граѓани на 8 август 1991 година, кон Италија, го нарече тоа сведоштво пред целиот свет за „трагедијата и болката на народот што страдал со децении од насилство, угнетување, беда и изолација”.

-На 8 август 1991 година бродот „Валона“ со околу 20.000 Албанци на палубата го започна своето патување кон слободата, станувајќи симбол на надеж за нов живот и подобра иднина. Нивното пристигнување на италијанскиот брег беше сведоштво пред целиот свет за трагедијата и болката на народот што страдаше со децении од насилство, угнетување, беда и изолација, напиша Мета на Фејсбук.

Додава дека за жал и денес, по три децении од овој настан, масовната депопулација на земјата продолжува.

-За жал, дури и денес, по 29 години од овој настан и овие шокантни слики што вознемируваат во секое време, драматичното темпо на депопулација на Албанија не престанува. Во името на овие извонредни човечки жртвувања, време е да се зацврсти надежта во нашата земја и да се исполни сонот на секој граѓанин за Албанија како цела Европа, напиша Мета.

Мета посочува дека е време никогаш да не се каже повеќе за проект за изолација и депопулација, бидејќи Албанците сега мора да се вратат во својата земја.

-Време е Албанците да се вратат и да станат господари на својата земја и нивната судбина! Време е да се изгради Европа овде! Време е да се каже никогаш повеќе за секој проект за изолирање и депопулација, порача Мета.

Осми август 1991 година, познат како егзодус на Албанците, кога 20.000 албански граѓани насилно влегоа во бродот „Валона“ кој превезуваше стока, испловија кон Италија и пристигнаа во пристаништето Бари. Тоа всушност го означи и масовниот егзодус кон Италија, кој пак помасовен беше кон Грција.


Администратор
09/08/2020 03:09