Преку копно и од воздух, противпожарните служби на Кипар се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар меѓу градовите Пафос и Лимасол, а активни се жаришта во должина од околу 20 километри, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од Министерството за земјоделство, рурален развој и животна средина на Кипар, пожарот избувнал во три часот утрово, во гаснењето учествуваат пожарникари со над 30 возила, активиран е специјалниот план за интервенција со авиони, а превентивно е евакуирано едно село.

Според кипарските медиуми, кај властите постојат сомнежи дека пожарот е подметнат, бидејќи во должина од 20 километри има десетици жаришта, за што директорот на Одделот за шуми за кипарската новинска агенција ЦНА вели дека „покажува дека некој се движел меѓу селата и палел“. с


Администратор
09/08/2020 02:01