Градоначалникот Златко Марин пет месеци ги игнорира родителите кои буквално молат да бидат ослободени од плаќање градинка за децата, за периодот на ковид-кризата кога овие воспитни институции се под клуч.

-Бидејќи имам две деца трошокот ми излегува повеќе од 5.000 денари.Тоа се тие пари кои мене лично ми одат во вода, бидејќи мене децата ми седат дома. Нас градинката во овој момент ни е дополнителен трошок. На два пати е поднесен предлог да се стави на дневен ред на седница за точка на дискусија – за ние како родители да бидеме ослободени од режиски трошоци меѓутоа оваа точка воопшто не е ни прифатена од советот на општината.Значи, општина Аеродром воопшто не сака да разговара на оваа тематика, вели за Алфа Марија Атанасова, родител.

Марин е подолго време заклучен и за медиумите критички настроени кон него.

-Ние пред неколку месеци се побунивме за тој трошок побаравме одговор од општината не добивме. Ние од блиски извори дознавме дека Златко Марин не планира да го укине тоа и дека треба да си ги платиме тие пет месеци, додаваат родителите.

Во Штип, градоначалникот ги послуша барањата на родителите па денеска одлучи да ги ослободи од месечните трошоци.


Администратор
07/08/2020 01:07