Двојниот оскаровец Том Хенкс е во преговори со компанијата „Волт Дизни“ за улога во играната верзија на „Пинокио“, и тоа како дрводелецот Џепето.

Класичната приказна е на писателот Карло Колоди, а цртаниот филм „Пинокио“ на „Волт Дизни“ излезе 1940 година.

Новата преработка ќе ја режира Роберт Земекис. Тој и Хенкс заедно работеа на оскаровскиот филм „Форест Гамп“ од 1994 година и во уште два други филма.

Сценариото е на Сајмон Фарнаби.

Филмот е во претпродукција.


Администратор
07/08/2020 00:10