Во разговор со Гвинет Палтроу што беше пренесуван во живо на Јутјуб, Камерон Дијаз рече оти „душата ѝ е мирна“ откако го напуштила Холивуд.

– Имам мир во душата, зашто конечно можам да се грижам за себе. Чудно е, знам. Многу луѓе нема да го разберат ова. Ама, знам дека ти разбираш, ѝ рече Дијаз на Палтроу, која освен водителка, е исто така и глумица.

„Лошата наставничка“, како што беше насловен последниот нејзин филмски хит, натаму вели дека сега е ослободена и од притисокот на јавноста.

– Koгa работиш на филм, тие те поседуваат. Постојано те следат… Немаш време за ништо друго, вели Дијаз.

Откако ја напушти филмската сцена, таа се омажи за Бенџамин Меден, а во јануари годинава тие ја добија и ќерката Радикс. Во меѓувреме, Дијаз лансираше и свој бренд вино.


Администратор
07/08/2020 00:10