На 04.08.2020 во 23.30 часот во Полициска станица за граничен премин Табановце, при вршење на пасошка контрола на излез од Република Македонија, М.Д.(26) од Р.Србија не приложил изјава за влез со ПЦР тест или транзит и при проверка било констатирано дека на 02.08.2020 на Граничниот премин Блаце му бил одбиен влез за непоседување на ПЦР тест.

По ова, се појаснува во соопштението од МВР, било утврдено дека М.Д. остварил илегален влез во Република Македонија, што и го потврдил во разговорот. М.Д. бил приведен и предаден на полициски службеници од Куманово за понатамошна постапка.


Администратор
06/08/2020 00:25