Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси ги сподели своите ставови за одлуката на поранешниот голман на Шпанија и на Реал Мадрид, Икер Касиљас да ја заврши својата кариера.

– Икер реши да го објави своето пензионирање сега, но тој го обезбеди статусот на легенда пред многу време. Не само затоа што тој беше еден од најдобрите во шпанското првенство, туку и затоа што исто така беше во можност да постигне многу на меѓународно ниво. Икер, ти си одличен голман, ми беше тешко да играм против тебе, но гледајќи наназад, можам да кажам дека имавме специјално, убаво соочување кое не натера да бидеме над нашите можности во секој меѓусебен натпревар, изјави Меси.

Последен клуб на легендарниот шпански голман беше Порто.


Администратор
05/08/2020 18:09