Полицијата изрече 124 платни налози на жители во поширокото тетовско подрачје кои неноселе заштини маски, што согласно член 6 од соодветната владина Уредба подразбира глоба од 20 евра во денарска противвредност.

-Во периодот од 1 август до 2 август изречени се 29 казни. Наредниот ден се изработени 55 платни налози и 40 глоби се изречени во последните 24 часа. Секторот за внатрешни работи Тетово изготви прекршочни платни налози кои предвидуваат казни од 20 евра во денарска противвредност, сооштија од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Од 1 мај кога е стапена во сила мерката за задолжително носење на заштитна маска за лице на подрачјето на СВР Тетово, вклучувајќи ги тетовско-гостиварските општини, се евидентираат вкупно 6.876 казни.

Во текот на изминатите 24 часа во тетовско нема нови решенија за изолација додека контроли се извршени кај 301 лице и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.


Администратор
04/08/2020 17:23