Орландо меџик убедливо го совлада Сакраменто кингс со 132:116 во натпреварот од регуларниот дел на НБА лигата. Најпродуктивниот играч на средбата беше дефанзивецот на „Меџик“ Теренс Рос, кој постигна 25 поени. Центарот Никола Вучевиќ, натпреварот го заврши со дабл-дабл од 23 поени и 11 скокови.

За Орландо ова беше петта последователна победа по која се искачи на 7. место во поредокот на Источна конференција.

Сакраменто е 12. на Запад.

На другите натпревари одиграни синоќа: Бруклин – Вашингтон 118:110 Бостон – Портланд 128:124 Мемфис – Сан Антонио 106:108 Хјустон – Милвоки 120:116 Феникс – Далас 117:115.


Администратор
03/08/2020 21:54