Најмалку 13 лица загинаа, а 15 се повредени во сообраќајна несреќа во Судан, која се случи кога камион удрил во патнички автобус додека се обидувал да претекне друго возило со несоодветна брзина.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила вчера, на автопат во близина на село кое се наоѓа на околу 800 километри северно од главниот град Картум, а патиштата во подрачјето каде што се наоѓа селото биле влажни поради поројните дождови и поплавите.

По судирот, камионот и автобусот излетале од патот и се превртеле.


Администратор
01/08/2020 16:04