На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациент. На кислородна поддршка се 34 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, седум позитивни деца, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 пациенти, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 132 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.