Немало журка само во Струмица, туку и во други градови се играло и пеело без маски и дистанца По фотографиите во ноќниот клуб во Струмица таква слика викендов можеше да се забележи и во Прилеп. Иако забавите се забранети, организаторите на истите за да привлечат посетители ги промовираат на социјалните мрежи.
Прилепскиот клуб „Калипсо“ вчера бил преполн, а забавата како што може да се види од фотографиите и снимките поминала со гужва, турканици, лица без заштитни маски, а не се одржувало ниту социјална дистанца.