Во организација на Центарот за развој на медиуми денеска преку платформата „ZOOM” ќе се одржи јавна дискусија за наодите од Извештајот од мониторингот на медиумските реформи и работата на АВМУ и МРТ во првиот квартал од 2020 година, подготвен во рамките на проектот „Мониторинг и политики за реформиран медиумски сектор“.
Извештајот го покрива првото тримесечје од 2020 година, период што го одбележа предизборниот период, тогаш сè уште со избори закажани за 12 април, како и почетокот на кризата со пандемијата на Ковид19 и со неа поврзаните одлуки за воведување на вонредна состојба.
Неуспехот да се спроведе процедурата за избор на нови состави на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТ ги доведе тие тела во ситуација во која, како вршители на должност до изборот на новите состави, да се главно пасивни и да се грижат само за редовните активности, се наведува во извештајот.
Проектот „Мониторинг и политики за реформиран медиумски сектор“ е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија (програма МАТРА).