Вчерашните славења може да влијаат на пораст на бројките на новозаразени од Ковид 19, предупредува епидемиологот Драган Даниловски. Особено блиски пред камерите беа СДСМ и ДУИ кога ги соопштуваа победничките резултати.
Почнувајќи веќе од сабота, па до крајот на месецот, големината на порастот на новозаболени којашто дефинитивно е неминовна, ќе зависи од тоа во колкава мера се почитувале мерките за лична заштита. Се носеа ли маски, се држеше ли дистанца? Колку што сум информиран одговорот е “да”, ама сосема ретко” , коментира Даниловскицза Алфа.
И докторот, микробиолог Никола Пановски е на иста линија.
-Имаме многу активни случаи, особени во Скопје, но и таму каде што се славеше синоќа. Има рекордери во некои од овие места, на секој 10-ти по 1 заразен. Ако дополнително на овие места се појават нови бројки, ќе биде заради тоа, вели Пановски.
Единствениот професор кој ги предвиде бројките од околу 8000 е Дејан Трајковски - кој ексклузивно за Алфа објасни како, уште пред некое време, стигнал до овие бројки.
-Со временска задршка од 20 дена, ќе започнат и првите умирачки. Вчерашните 200 новозаболени, по 18, 5 дена колку што е просечното времетраење од првите симптоми до смртта, се пресликуваат во најмлаку 40 починати, а тоа е за 50% повеќе од италијанскиот број- рече Трајковски на 14 јуни.