Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево, информираше Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 68 години.
Во ОБ Прилеп починат е пациент на 60 години, во ОБ Струга почината е пациентка на 72 години, во Гостивар вонболнички почината е пациентка на 73 години, во Завод за нефрологија во Струга починат е пациент на 67 години.