Врховниот суд на САД ги преиначи одлуките на пониските судски инстанци и денеска донесе одлука со која се овозможува извршување на првата смртна казна на федерално ниво после 17 години.

Даниел Луис Ли, осуден на смрт во Арканзас за убиство на брачна двојка и нивната осумгодишна ќерка во 1996 година, вчера требаше да добие смртоносна доза на силниот седатив пентобарбитал , но неговото погубување беше спречено од окружен судија.

Федералниот апелациски суд во Вашингтон го отфрли барањето на американската администрација да се вклучи во случајот, па Врховниот суд одлучи во корист на извршување на смртната казна со тесно мнозинство, односно со пет гласа „за“ и четири гласови против.

За оваа недела се закажани уште две егзекуции, а друго е закажано за август.

Последното погубување, изречено по федералните закони на САД се случи во 2003 година.


Администратор
14/07/2020 14:00