На платформата youtube попладнево се појави нова аудио снимка на која се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој зборува за рекетарската шема што наводно ја плете Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова.

„Совет ми даде, што да правам, бара пари, значи он ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра, викам важи, јас влегувам во оваа работа”, вели Заев.

Аудио материјалот може да се слушне на следниов линк.

Во една од досега објавените бомби се слушна како Димишков бара 6 милиони евра за бизнисмен да биде пуштен на слобода.

Претходно, на претпоследниот телевизиски дуел претседателот на СДСМ истакна дека не се познава со Димишков по што доби коментар од Мицкоски „да не испадне дека сте се познавале“.

Аудио разговорот кој е објавен денеска всушност потврдува дека Заев и Димишков сепак се познавале.