Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-6, Дебар-7, Штип-14, Прилеп-1, Тетово-12, Струга-9, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-13, Струмица-2, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-77, Штип-7, Тетово-15, Струга-1, Велес-4, Битола-2, Гевгелија-1, Кочани-2, Пехчево-1, Кичево-2, Ресен-11.

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се четворица пациенти на возраст од 46, 53, 63 и 69 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 42 години. Во ОБ Куманово починат е пациент на возраст од 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111, бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 3848, активни 1830 • Куманово 854, активни 186 • Дебар 151, активни 89 • Штип 444, активни 172 • Прилеп 296, активни 63 • Тетово 868, активни 320 • Струга 320, активни 161 • Велес 202, активни 35 • Битола 69, активни 26 • Охрид 225, активни 133 • Кавадарци 25, активни 17 • Гостивар 229, активни 143 • Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци) • Струмица 24, активни 16 • Крива Паланка 19, активни 9 • Радовиш 8, активни 4 • Крушево 12, активни 7 • Кочани 77, активни 15 • Пробиштип 36, активни 24 • Демир Хисар 8, активни 7 • Македонски Брод 8, активни 4 • Пехчево 6, активни 1 • Берово 4, активни 1 • Валандово 6, активни 0 • Виница 4, активни 1 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 6, активни 3 • Свети Николе 117, активни 110 • Кичево 73, активни 62 • Ресен 138, активни 82 • Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 991 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-126, Биотек-85, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -14, Систина со PCR метода -156, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-29. Досега во земјата се направени вкупно 77.160 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 22 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 114 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) • Чаир – 300 • Аеродром - 159 • Бутел - 131 • Гази Баба - 189 • Центар – 138 • Карпош – 140 • Сарај – 120 • Кисела Вода – 108 • Ѓорче Петров – 105 • Студеничани – 110 • Шуто Оризари – 79 • Арачиново – 43 • Илинден – 23 • Петровец – 18 • Чучер Сандево – 11 • Сопиште – 9 • Зелениково- 14 • Странец – 5 • Нераспределен- 128


Администратор
12/07/2020 17:32