Нема да има оправдување ако во септември има неподготвен образовен систем, предупредува универзитетскиот професор на ФИНКИ, Анастас Мишев. Дури и сега да се почне може да се стигне со креирање стратегија вели тој.

- Во ек на пандемија, виртуелната настава се повеќе станува реалност, а потребата од функционално образование бара негова неопходна дигитализација. Една од образовните институции која најдобро се прилагоди на ситуацијата е Факултетот за информатички науки, вели за Алфа Мишев.

Во меѓувреме, министертсвото за образование вели дека „работи на стратегија“ што е помалку чудно оти ова е одговорот што првиот човек Арбр Адеми го дава речиси во секоја изјава во текот на минатите месеци. Ако се уште се прави стратегија, а следуваат избори и потоа формирање влада, веројатно стратегијата ќе почека.

Дали пак учениците ќе бидат колатерална штета на погрешните чекори на властa?