СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.А.(35) од с.Доброште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 30.12.2019, пријавениот се договорил со оштетената С.А.(46) од Тетово да ѝ продаде кујна, но ѝ кажал дека поради голем број на нарачки, кујната ќе ја монтираат во текот на март и ѝ побарал капар од 33.825 денари.

Таа му ги дала парите, а потоа пријавениот отишол кај оштетената да земе мерки и ѝ рекол дека во рок од неколку дена кујната ќе биде готова и монтирана.

По два месеца оштетената имала телефонски разговор со пријавениот, кој ѝ кажал дека поради настанатата состојба со вирусот ковид-19 бил принуден да ја затвори продавницата и дека мора да почека до следно отворање, за што навремено ќе ја контактира.

На 05.06.2020 оштетената повторно го контактирала пријавениот и тој повторно ѝ рекол дека за неколку дена ќе ја монтира кујната и од тогаш не ја контактирал.

По преземени мерки било утврдено дека пријавениот се наоѓал надвор од државата.


Администратор
11/07/2020 02:34