Ловечката федерација на Македонија денеска упати отворено писмо до сите политички партии кои се борат за влез во Законодавниот дом со цел, како што велат, да укажеме на проблеми те со кои се соочува ловството во Македонија.

Од Ловечката федерација бараат донесување на новиот закон за ловство. Со овој закон, како што се наведува, ќе ги добијат следните придобивки: промена на моделот на доделување на ловиштата, односно укинување на доделување на ловиштата по електронски пат, враќање на надлежностите на Ловечката Федерација на Македонија за организација и едукација при полагање на ловечки испит, статус ловец со задолжително членување на сите ловци во Ловечката Федерација на Македонија, организирање на изложби на ловечки трофеи, ловно спортско стрелаштво, ловна кинологија итн.

Ловечката федерација бара и измени на законот за оружје, при што, како што велат, ќе се поедностави постапката за добивање на одобрение за набавка на ловечко оружје. Бараат и измени на законот за спорт, со кои покрај постојната стрелачка дисциплина TRAP, ќе се воведат уште три нови стрелачки дисциплини, и тоа: SKIT, DUBLE TRAP и SPORTING и сите четири стрелачки дисциплини законски да припаднат под Ловечката Федерација на Македонија.

Меѓу барањата се и намалување на надоместокот за рецензија на ловностопанските основи за 50 отсто и анекс на договорите кои истекуваат за сите ловишта и нивно продолжување се до распишување на нов оглас за нивно доделување, за да нема прекин во стопанисувањето со ловиштата.


Администратор
09/07/2020 14:54