На јутјуб каналот „Mijacko Sileze“ се објавени две нови аудио бомби во кој се слуша гласот на претседателот на СДСМ Зоран Заев. Аудио снимките се со истиот глас како и претходните, односно гласот на Александар Верушевски, снимки за кои Заев јавно потврди дека се автентични.

Според она што може да се слушне, шефот на СДСМ зборува за неговите услови за да се „договори“ со тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков, односно преку Верушевски, Заев бара Сашо Мијалков да ја повлече финансова полиција од Општина Струмица а за возврат вели дека нема да го објави пакет бомби за Мијалков.

Понатаму, може да се слушне и разговор во кој соговорникот го прашува за кадровските решенија, а Заев го споменува Петре Шилегов. На ова, соговорникот вели дека Шилегов е сомнителен човек кој додека бил претседател на второстепена комисија „трпал пари“. На ова лидерот на СДСМ вели дека „знаел, апсолутно“ но дека тоа било тоа.

Аудио снимките може да се слушнат на следниов линк.