Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди денеска дека земјата се наоѓа во вонредна состојба поради драстичното зголемување на бројот на нови случаи на зараза со коронавирус.

– Се наоѓаме среде нов напад на коронавирусот. Епидемијата е многу силна, во целиот свет и кај нас, истакна Нетанјаху на владина седница.

Тој предупреди дека доколку не се преземат итни мерки, многу Израелци ќе ги загубат своите животи.

– Се наоѓаме во вонредна ситуација. Ако не го спречиме ширењето на Ковид-19, нема да имаме ниту здравје, ниту економија. Многу граѓани на Израел ќе починат, нагласи израелскиот премиер.

Владата утре повторно ќе одржи седница за евентуално воведување на нови рестриктивни мерки.

Во последните 24 часа во Израел се регистрирани 804 новозаразени и четири смртни случаи. Досега во земјата вкупно се инфицирани 29.366 лица, а починале 330 луѓе.


Администратор
05/07/2020 23:25