Благостојбата на сите граѓани е еден од најважните сегменти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Во програмата Проект Обнова се предвидува реална помош на ранливите групи граѓани.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со изградба на нови детски градинки со кои ќе ги зголемиме капацитетите за згрижување на децата. Ќе се отворат детски градинки во Битола, Охрид, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Кочани, Кичево, Ресен, Гостивар, Маврово-Ростуше, Аеродром. Отворање на градинки во состав на државните институции, како и финансиска помош на приватни компании коишто би сакале да го направат истото. Со овој проект ќе се отворат и нови работни места. Заради зголемена безбедност на децата, како и поголема контрола и надзор над вработените во овие установи, ќе се воведе видео надзор чиј начин на употреба и располагање ќе биде усогласен со Законот за заштита на лични податоци и нема да се дозволи злоупотреба. Бесплатни градинки за сите деца од семејства со минимални приходи.

Дополнително за ранливите групи на граѓани предвидуваме субвенционирање на трошоците за потрошувачка на енергенси да биде во висина на износот по фактура, а најмногу до 1000 денари месечно за платените сметки во тековната година.

Ветуваме бесплатна возачка дозвола за лица со статус деца без родители и родителска грижа. Еден од најважните проекти на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде отворање на дневни центри за деца и лица со пречки во развојот. Овие центри ќе даваат услуги за дневно згрижување, престој, нега, исхрана, психо-социјална рехабилитација и ресоцијализација, советодавна работа и организирано поминување на времето на децата со пречки во развојот кои живеат во своите биолошки семејства или се сместени во згрижувачки семејства. Предвидуваме бесплатна бањско-климатска рекреација за лица со инвалидност. Бесплатна рехабилитација на деца и млади со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци и возрасни лица со телесен инвалидитет. Стипендии за студенти со телесен инвалидитет. Ослободување од давачки за набавка на возило за лица со инвалидитет. Бесплатно користење на спортски објекти за децата со посебни потреби.

Предвидуваме финансиски грант од домашни или меѓународни извори реализиран преку јавен оглас за отворање на 5 домови за стари лица од приватни компании.

Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе формира комбиниран систем на квотно вработување на лицата со инвалидитет, како и активни стимулативни мерки за работодавачите кои ќе вработуваат лица со инвалидитет. Исто така, задржувањето на овие лица ќе се поддржи со даночни ослободувања, како и обуки за стручно усовршување и доквлификување.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе воспостави нулта толеранција за различните облици на насилство на кои се изложени жените.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
03/07/2020 11:35