Регионалниот совет за соработка (РСС) распиша конкурс за најдобри идеи за дигитални решенија во три области кои ќе бидат наградени со по 10 илјади евра, понудени од компании или поединци од Западен Балкан.

– Конкурсот ќе трае до 12 јули, а се бараат иновативни идеи за предлог решенија во главните сегменти од туризмот, потоа за он-лајн настава и за он-лајн плаќања со целосна заштита на идентитетот на корисниците, соопштија од РСС.

Од Советот информираа дека можат да се пријават поединци или мали компании, центри за дигитални иновации, научно-технолошки паркови, универзитети и други. Наградените кои ќе бидат соопштени он-лајн на 16-ти јули, ќе можат да работат со ментори на реализација на нивните идеи.

Проектот наречен Балкантхон е финансиран од Европската унија. Повеќе информации можат да се најдат на линкот на РСС или на самиот проект Балкантхон.


Администратор
02/07/2020 20:59