Новиот број на списанието „Предизвици“ посветен на актуелната состојба со пандемијата со коронавирусот, која го зафати светот. Шесто издание на списанието ја обработува темата „Живот со Ковид-19“ од различни аспекти.

-Во периодот во кој светот е во очајничка борба за што поуспешно справување со пандемијата и заштита на здравјето и животите на луѓето и за спасување на економиите, одлучивме најновото, шесто издание на списанието „Предизвици“ да го посветиме на анализа на различните аспекти на Животот со Ковид-19, велат од списанието.

Од „Предизвици“ соопштуваат дека во новиот број има експертизи на афирмирани автори од земјата и од странство за последиците од Ковид-19, општо за светот, и посебно за македонското општество, од најразлични аспекти: здравствен, економски, социјален, социолошки, психолошки, филозофски, меѓународен, политички, безбедносен и цел спектар други сфери.

Новото издание на „Предизвици“ можете да го прочитате во електронска форма на следниот линк: http://library.fes.de/pdf-files/bueros/skopje/15369/06-2020-06.pdf


Администратор
02/07/2020 15:07