Во текот на јуни тетовската полиција контролирала 4.009 возила, при што казни имало изречено за 775 прекршоци. Поради констатирани различни видови прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, од сообраќај биле исклучени 76 возила, сите со истечена регистрација до и над 30 дена.

-Откриените сообраќајни прекршоци во јуни, заокружени се со 352 прекршочни, 62 мандатни плaтни налози и 362 писмени опомени, додека времено биле одземени 18 возачки и 48 сообраќајни дозволи. Во јуни вкупно биле подигнати и 196 погрешно, односно непрописно паркирани возила, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во текот на јуни годинава, исто така, од сообраќај биле исклучени и 169 возачи, од кои 123 поради тоа што управувале возило без возачка дозвола, шест кои биле под дејство на алкохол, 19 возачи-почетници, седум со важечка забрана за управување и 11 со несоодветна категорија.


Администратор
02/07/2020 13:13