Дали детските воспитно-образовни објекти може да се користат во политичка и партиска кампања? Експертите се децидни - забранета е злоупотреба на децата.

– Државниот совет за превенција на детско престапништво укажува дека вклучувањето на деца (лица до 18 години) во какви било активности поврзани со тековната политичка кампања е недозволливо и не е во најдобар интерес на детето согласно Конвенцијата за права за децата, вели за Алфа професорката Гордана Лажетиќ.

Вчера лидерот на СДСМ се фотографираше во Штип, со тимот на партијата во нова градинка во градот. Според опозицијата ова е недозволено и тие имаат намера да реагираат до ОБСЕ и ОДИХР.


Администратор
30/06/2020 02:04