Во Штип и денеска се бележат нови случаи на заразени од коронавирусот.

Надлежните од Центарот за јавно здравје-Штип информираат дека станува збор за случаи поврзани со текстилен и кожарски кластер, а има и новозаразени од скопјанец, кој дошол на гости во Штип и неговите контакти се позитивни. Епидемиолозите се уморни и веќе во контиунитет дневно во штипскиот регион прават по 50 тестови, наведуваат од ЦЈЗ-Штип.

Со новите случаи повторно се зголеми и бројот на лица, кои се во изолација. Ако минатата недела бројката се движеше од 420 до 450, сега оваа бројка на граѓани, кои мора да седат дома е над 500.

Епидемиолозите немаат потполна слика по тестирањето на вработените во градинките. Се уште се чекаат резултатите на 20-тина вработени во градинката „Астибо“, а скринингот е направен на 12 јуни.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев информира дека на Инфективното одделение се хоспитализирани 32 пациенти, од кои 30 се позитивни, а двајца се сомнителни. Во текот на денот очекуваат на домашно лекување да се пуштат неколку пациенти, кои се со полесна клиничка слика.


Администратор
29/06/2020 16:54