Во средните училишта во Велес денеска се спроведува третиот уписен рок за претстојната учебна 2020/2021 година.

Слободни места има во сите четири, а најмногу во Економското училиште „Јовче Тесличков" каде во двата уписни рока се запишале 11, а има вкупно 170 места.

Во Гимназијата „Кочо Рацин" во двата уписни рока запишани вкупно 108 ученика, настава на македонски јазик 94, а во една во албанската паралелка има запишани 14. Вкупно треба да се запишат 204 во шест паралелки, од кои пет на македонски и една на албански наставен јазик.

Во ССОУ „Коле Неделковски" по двата уписни рока во двата смера електро и машински запишани се вкупно 197, а има слободни 399 слободни места

Во ССОУ „Димитрија Чуповски" попознато како хемиска, каде по двата уписни рока запишани се вкупно 117, а има вкупно 238 места.Таму најмногу интерес имаше за трите медицински паралелки за медицинска сестра, болничар и фармацевтски техничар.

Во Економското училиште „ Јовче Тесличков" по двата уписни се запишани само 11 ученици, а има слободни 170 места.

По двата уписни рока во прва годинита во четирите средни училишта во Велес се запишани 433 ученици,а колку што има и завршено деветтооделенци, а има вкупно слободни 1011 места..Во нив освен од Велес се запишуваат и ученици од соседните општини.

Во поширокиот регион, општина Велес со општините Градско, Лозово и Чашка годинава завршиле 590 ученици.

Во сите средни училишта каде што и по третиот уписен рок ќе има се уште слободни места, незапишаните деветооделенци за прва средно ќе можат да се запишат и на последниот рок на 24 август.


Администратор
29/06/2020 14:39