Мигрената е хередитарно пароксизмално заболување со потекло од јадрата на мозочното стебло. Средната преваленца во општата популација е 10%, кај мажи 4.8% и кај жени 14.6%. Главно се јавува кај луѓе кои се во периодот на работоспособност. Мигренозните атаки се класифицирани на: тип со аура (15%) во која на атаката ѝ претходат продромни симптоми, т.е. аура (пр. нарушувања на видот) пред главоболката, и тип без аура (85%), кој почнува само со главоболка.

Факторите што ја преципитираат главоболката се нарушувањата во ритамот сон/будност, хипогликемијата и промената на интензитетот на стресот. Влијанието на исхраната, со исклучок на алкохолот, е варијабилно кај поединците.

СИМПТОМИ

Продромски симптоми што се јавуваат еден ден пред атаката: проѕевање, потреба од блага храна, замор и промена во личноста.

Симптоми на аура: прогресивни нарушувања на видот, сцинтилациски скотоми, линии во цикцак-форма, затапеност, нарушување во говорот, парестезии во траење од 5 до 60 минути. На крајот на фазата со аура или по неа се јавува пулсирачка унилатерална силна или средно силна главоболка, која е придружена со гадење и со повраќање.

Мигрената без аура почнува со главоболка.

Мигренската аура може да се јави без последователна главоболка

Атаката е поврзана и со нарушувања во автономниот нервен систем: бледа кожа, нарушена функција на мочниот меур и сл.

ДИЈАГНОЗА

Се базира на историјата на пациентот и на нормалниот невролошки наод помеѓуатаките. Кај возрасните пациенти со типична мигрена невролошките методи на визуелизација не се оправдани ако невролошкиот статус е нормален (ннд-C). Дијагностички критериуми за мигрена со аура (ICHD 2004)

Ако пациентот имал барем две атаки за чие време се јавуваат следните симптоми: Симптом на аура;

Траењето на аурата е повеќе од 4 минути или пациентот имал две последователни аури.

Аурата е проследена со главоболка во следните 60 минути.

Главоболката ги исполнува критериумите за мигрена без аура.

Дијагностички критериуми за мигрена без аура (ICHD 2004)

Ако пациентот имал барем пет атаки на главоболка што траат 4-72 часа со исполнување најмалку два критериума од групата со А-симптоми и барем еден од групата со Б-симптоми асоцирано со нив.

Симптоми А:

Пулсирачка главоболка

Главоболката е унилатерална

Главоболката е со среден или со силен интензитет и го засега извршувањето на дневните активности

Физичката активност ја засилува главоболката

Симптоми Б:

Гадење и/или повраќање

Фотофобија и фонофобија

Диференцијална дијагноза

Тензиска главоболка (нема продромски симптоми, вежбањето ја подобрува состојбата);

Супарахноидална хеморагија;

Транзиторна исхемична атака (ТИА) (сенки во видното поле, нема светлечки сензации во видот, нема последователна главоболка);

Акутен глауком;

Менингитис (треска);

Епилептичен напад од темпоралниот лобус;

Cluster-главоболка (типично без аура, без повраќање).

ТРЕТМАН НА МИГРЕНОЗНА АТАКА

Одмор во тивка темна просторија.

За време на мигренската атака, лековите најдобро се ресорбираат дадени ректално, како ефервети или во форма на прав.

Комбинацијата на metoclopramide (ннд-A) со другите лекови за мигрена ја подобрува нивната апсорција.

Нестероидни антиинфламациски лекови

Аспирин 1.000 mg или парацетамол 1.000 mg поединечно или во комбинација со metoclopramide 10-20 mg или со други перорални нестероидни антиинфламациски лекови (ннд-A): tolfenamic acid69 200 mg, ketoprofen 50–100 mg, naproxen 500–1.000 mg, ibuprofen 800 mg итн.


Администратор
28/06/2020 03:55