Американското филмско студио „Ворнер Брос“ вторпат ја одложи долгоочекуваната премиера на филмот „Тенет“ на Кристофер Нолан, од 31 јули – на 12 август.

Поради пандемијата, прикажувањето првично беше закажано за 17 јули. Новото одлагање се случува во миг кога гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо изјави дека при четвртата фаза на олабавување на ограничувањата за борба против коронавирусот, киносалите нема да бидат отворени.

Главните улоги во новиот шпионски трилер на Нолан, ги имаат Роберт Патинсон и Џон Дејвид Вашингтон.


Администратор
26/06/2020 12:04