Општина Тетово доби заштитни маски за лице како донација од меѓународната компанија „Леар Корпорејшн“ која има фабрика во тетовската индустриско-развојна зона.

Добиени се 5 000 заштитни маски, информираат од Општината. Оттаму посочија дека овие средства главно ќе се искористат за општински услуги, за општинските хигиеничари, за Територијалната противпожарна единица и ЈП „Градски паркинг“, кои за време на извршувањето на работните обврски се повеќе изложени на ризик од Ковид-19.

Во април, 30 илјади заштитни маски добила општина Тетово од Владата, од кои половина беа поделени на населението и се дистрибуираа до домовите на граѓаните.


Администратор
06/06/2020 16:37