Од влезот на Гевгелија до кружниот тек на булеварот, заврши акцијата за замена на старите натриумови со нови 95 лед сијалици кои овозможуваат подобро осветлување и заштеда во потрошувачката на електрична енергија од 612.000 денари годишно.

Покрај ова променети се и лед арматурите во продолжение од кружниот тек до крајот на булеварот кон западниот дел од градот, поточно до подножјето на населбата „Караорман“, потврдија од Одделението за комунални дејности на општина Гевгелија.

– Поставувањето на новото осветлување со лед сијалици, на дел од сообраќајниците и локалните патишта во зоните на живеење, има цел дополнително да ја зголемиме енергетската ефикасност на системот за улично осветлување, да заштедиме од потрошувачката на електрична енергија и, што е исто така многу значајно, да ја подобриме сообраќајната и социјалната безбедност на граѓаните, рече градоначалникот Сашо Поцков.


Администратор
03/06/2020 12:38