Многумина од познатите личности од САД се приклучија на протестите против полициската бруталност и против расизмот во земјата. Меѓу ѕвездите кои излегоа на улица, се и: холивудските глумци Џејми Фокс, Теса Томпсон, Ник Кенон, пејачката Камила Кабело…

– Ние не се плашиме да застанеме во отпорот. Не се плашиме од мигот!, изјави оскаровецот Џејми Фокс во свој говор во Минеаполис.

Ник Кенон на демонстрациите во главниот град на Минесота, излезе со блуза со натпис „Ве молам, не можам да дишам“ – последните зборови на црнецот Џорџ Флојд што пред една седмица беше убиен од полицаец, и со слика од жртвата.

Камила Кабело и Шон Мендес маршираа во Мајами.

Други пак, изразија поддршка на Твитер и Фејсбук. Глумицата Блејк Лајвли за себе рече дека жали што во минатото, тие како белци, биле недоволно информирани за системскиот расизам, и оти направиле многу грешки во таа насока.

– Ќе се трудиме да ги подучиме нашите деца различно од тоа како нашите родители нѐ подучуваа нас, рече таа во свој коментар.

Меѓу другите кои ги поддржаа протестите се и Риз Видерспун, Аријана Гранде, Кетрин Хајгл, која има посвоено дете од црната раса, и многу други.


Администратор
03/06/2020 11:36