Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во пладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста со изолирана појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен и западен превец. Минималната температура ќе се движи до 11 степени, а максималната ќе биде во интервал од 16 до 25 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локален дожд, наместа ќе биде пороен, и проследен со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 10 до 22 степени. УВ индексот ќе биде 7.


Администратор
03/06/2020 09:57