Повеќе елитни локации во Њујорк настрадаа откако се увиде дека протестите против полициското самоволие се параван за дел од злонамерниците да уништуваат приватна сопственост и да крадат од полиците на продавниците.

Така, на протестите изминативе вечери во Њујорк бутиците на „Шанел” или „Долче & Габана”, продавниците на „Епл”, „Ролeкс” и други елитни брендови, беа ограбени.

Изданието Њујорк пост, дознава дека од продавница за часовниците „Ролекс” во кварталот Сохо, биле украдени часовници во вредност од 2.3 милиони долари.

Властите во Њујорк изјавија дека протестите се злоупотребени од „надворешни“ агитатори поврзани со анархистички групи за да вршат грабежи и да поттикнуваат насилство меѓу полицијата и демонстрантите.

Само во градот Њујорк досега се упасени околу 300 осомничени лица, а синоќа се дозна дека во шопинг центар едно лице било наводно застрелано.

Во протестите кои изминатите денови ја потресија Америка, како реакција на убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полициски службеник минатата недела во Минеаполис, низ целата земја досега се упасени околу 5.600 лица.


Администратор
03/06/2020 01:00