Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека добил поддршка од 27 земји-членки на ЕУ за продолжување на дијалогот.

„Благодарам за силната поддршка што ја добив денеска од 27-те земји членки на ЕУ! Многу охрабрувачка дискусија за мојот мандат и за патот пред нас“, напиша Лајчак на Твитер по денеска одржаниот панел во Брисел.

Во исто време, тој сподели објава од австриската амбасадорка во ЕУ, Кристине Кокинакис, која на својот официјален налог на Твитер напиша дека се одржала одлична дискусија во Брисел со Лајчак за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и за иднината на Западен Балкан во ЕУ.


Администратор
03/06/2020 00:52