Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел го отфрли предлогот на Белата куќа Русија да биде поканета на овогодинешниот самит на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), чиј домаќин е САД.

– Г7 не може да стане Г8 Русија сè додека Русија не го промени својот курс. Тоа не е случај во моментов, рече Борел пред новинарите во Брисел, додавајќи дека „соработка меѓу партнерите кои слично размислуваат е поважна од кога било“.

На 30 мај американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го одложи самитот на Г7 за наесен и дека на таа средба ќе ги покани и Австралија, Русија, Јужна Кореја и Индија.

– Г7 стана многу застарена, рече Трамп, оценувајќи дека треба да се претвори во Г10 или Г11 против Г1, реформиран клуб обединет против Кина.

– Промената на форматот на Г7 не е ексклузивно право на претседавачот потенцира Борел.

Велика Британија и Канада веќе изразија противење на идејата повторно да ја вклучат Русија во Групата.

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон рече дека е вообичаено земјата која претседава со Г7 да покани и други лидери да присуствуваат на Самитот како гости.

– Меѓутоа, Русија е суспендирана од Г7 по анексијата на Крим и допрва треба да видиме докази за промена во однесувањето што би го оправдало нејзиното повторно вклучување, рече портпаролот.


Администратор
03/06/2020 00:33